речник контакт

Започна да се уредува хотелот Вила Зора во ТТФ факултет

Од Битолскиот ректорат не прецизираат кога тој ќе ги прими студентите

Петар Печков

Започнаа  градежните работи на уредување на некогашниот хотел Вила Зора во факултетска зграда. Скромно со тројца мајстори се работи од четвртокот. Три различни фирми на тендер ја добиле работата за уредување на предавални, за менување на дограмата и за уредување на кровот.  Од Техничко- технолошкиот факултет од Битола објаснуваат дека парите доцна стигнале од Министерството за образование поради што задоцниле со почетокот на уредувањето. Тоа е причина што во овој објект нема да започне скоро академската година, но сепак тој ќе биде опремен да ги прими студентите, но не прецизираат за колку време.

Четиристотини студенти од нашиот факултет ќе следат настава во некогашниот хотел Вила Зора кога ќе завршиме со градежните работи. Важно е дека се започна со негово уредување и штом со тоа ќе се заврши, таму ќе се преселат сите студенти од ТТФ. Очекуваме дека со тоа ќе се надминат проблемите со кои тие сега се судруваат – изјави претставник на Битолскиот Универзитет ,,Св. Климент Охридски,,

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »