речник контакт

Започна есенската дератизација

Препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ги третира сaмо глодарите

Петар Печков

Од вчера 3-ти октомври започна есенската дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената  заштита за 2022 година. Истото се одвива во зависност од   временските услови. Дератизација  се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период.

„Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата Агриа. Препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодачите. Одобрен е  од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не претставува опасност за останатиот животински свет“ - соопштија од локалната власт.

По завршената тендерска постапка, надлежностите за дератизација ја извршува  ЈЗУ Центар за Јавно Здравје – Скопје. Дератизација  се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Пролетоска беше извршена во месец мај.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »