речник контакт

Започна есенската сезона на загадување на воздухот во Велес, шест дена по ред ПМ10 честичките над граничната вредност

Пикот на загадување се случува во терминот до 17 до 21ч

Петар Печков

Шест дена последователно, воздухот во Велес е загадрн. Со почетокот на сезоната на греење и есента, опадна квалитетот на амбиенталниот водух  во градот. Мерните инструменти на Министерството за животна средина од 29 октомври до вчера 3 ноември, мерат среднодневни вредности, кои се над граничните од 50 мг/м3.

Највисока вредност е измерена на 31 октомври, петокот од  70,4 мг/м3. Останатите денови била 29 октомври  – 65 мг/м3, 30 октомври  – 69,8 мг/м3, 1 ноември 64,2 мг/м3, на 2 ноември  56,3 мг/м3 и вчера понеделник 62,5 мг/м3.  Ова се вредности за ПМ10 честичките.

Среднодневната вредност на Ѕ02 највисока била исто така на 31 октомври безмалку 2 мг/м3. Според мерните апарати поставени од локалната власт, пикот на загадување се случува во терминот до 17 до 21ч.

Се мерат и часовните вредности, но за нив нема гранична вредност која е дозволена со правилник или Закон.  Тие биле највисоки ноќта на 1 ноември во 21 ч. на јаглен моноксид  1,7 мг/м3, најопасните ситни честички на ПМ2,5 кој влегуваат длабоко во човековиот организам на 1 ноевмри во 22ч. од 92 мг/м2.  На азот диоксид кој се води како загадувач на воздухот и ја загрозува животната средина највисока часовна вредност е измерена на 30 октомври  во 13ч. од 75,6 мг/м3.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »