речник контакт

Започна и заврши судењето на екс Владиката Јован Вранишковски

Повторното судење на екс Владиката Јован Вранишковски започна и заврши во еден ден, а остана само да се изрече пресудата во вторник на 10-ти април.

Петар Печков

Повторното судење на екс Владиката Јован Вранишковски започна и заврши во еден ден, а остана само да се изрече пресудата во вторник на 10-ти април. Откако Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за кривичното дело затајување, во случајот со расчинетиот Владика Јован Вранишковски во Основниот суд во Велес започна нов процес.

Откако обвинителството, обвинетиот, сведоците останаа на се како што беше во претходниот процес, судијата Валентин Зафиров најави дека објавувањето на пресудата ќе следи по Велигденските празници.

Вранишковски е обвинет дека во периодот од 24.06.1998 до 09.07.2002 кога бил владика на МПЦ во три нејзини епархии Преспанско-пелагониската, Повардарската и Брегалничката против правно присвоил значајна сума на пари а претставникот на МПЦ тогаш побара оштета од 325 илјади евра. Вранишковски се товари дека парите кои му биле предавани на рака од различни цркви и манастири ги присвоил, дека со црковни пари купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или присвоени од негови блиски луѓе.

Тој за финансиските малверзации ги користел хуманитарните организации и црковни економии со кои раководеле негови блиски роднини, злоупотребувал народни пари наменети за изградба и реновирање на храмови а злоупотребувал и донации.

Вранишковски се бранеше дека трошењето на парите во Црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека црквата не води книговодство и таа е одвоена до државата.

На судското рочиште евидентно беше отсуството на оштетената МПЦ. Владиката Аганангел, Митрополит на Повардарската Епархија изјави дека тие како Црква не можат да дозволат на големиот верски празник Велики Четврток да се појавуваат пред суд.

Судијата Зафиров  пак вели дека во неговиот роковник има само работни и неработни денови. Од Велгиденските празници па се до заминувањето од затвор на први мај, каде одлежува казна за друго кривично дело, Јован Вранишковски ќе биде на слобода, бидјеќи ќе го користи правото на годишен одмор, согласно Законот за извршување на кривични санкции.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »