речник контакт

Започна изградбата на далекуводот на МЕПСО од Велес кон Свети Николе

Инвестицијата е со вредност од 2,3 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР

Петар Печков

Со поставување камен темелник во близина на селото Мамутчево, денеска беше одбележан почетокот на градежните работи на 110 kV далекувод кој ги поврзува трансформаторските станици во Велес и во Овче поле.

Станува збор за капитален инфраструктурен проект за изградба на далекувод на постоечката траса на далекуводот кој датира од далечната 1960 година.

„Ова е неопходната инфраструктура која ќе обезбеди сигурност во обезбедувањето со електрична енергија за жителите и стопанството  од Велешко, светиниколско и Овчеполието. Истовремено ќе даде можност за приклучување на нови корисници во далноводната мрежа, како и интеграција на нови обновливи извори ан енергија.   Токму во овој регион се најавува изградба на многу нови сончеви и ветерни централи“. рече генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.
 

Далекуводот ТС Велес- ТС Овче поле, е со должина од 20,94 км и е поставен на 83 столбoви. Од нив целосно ќе се заменат 56 бетонски и три челично решеткасти столбови а целосно ќе биде заменета старата опрема. Инвестицијата е со вредност од 2,3 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР. Изведувач на работите е Конзорциум на Далекувод Загреб- ЕЛНОС Бања Лука, а надзорот на градбата ќе го врши Столб Битола.

„Дополнително и подеднакво важно е што ние како држава сме насочени во изградба на капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија која се интензивираше во последниот период со енергетската криза а за пренос на таа електрична енергија ни е потребен стабилен систем и тоа го обезбедуваме со овој далекувод“рече премиерот Димитар   Ковачевски

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »