речник контакт

Започна изградбата на кружен тек кај Авона

Ќе бидат остранети и останатите два времени објекти. Кружниот тек готов за два месеци

Петар Печков

Започнаа градежните активности  за изградба на кружен тек на улицата Благој Ѓорев и спојот од 8-ма Велешка и Тодор Христов Офицерчето , кај велешани популарно наречена Авона. Во наредните два месеци треба да завршат работите и оваа спорна крстосница да биде регулирана на современ начин. 

Ова е поголем  капитален проект, значаен за новиот дел на градот. Со новото решение ќе добиеме побезбеден, помодерен сообраќаен режим . Во текот на изградбата има времено решение за сите ситуации за да сообраќајот  како да се одвива непречено - рече градоначалникот Славчо Чадиев. 

Кружниот тек го изведуваат две фирми земјините Евроинжинеринг а асфалтирањето фирмата Гранит. Инвестицијата е вредна  6 милиони днеари,  средствасе обезбедени од Општинскиот буџет,а  осветлувањето ќе биде со лед светилки.

Градоначалникот најави дека тука повеќе нема да има такси стојалиште, таксистите ќе бидат на други локации, по должина на улицата Благој Ѓорев. Во однос на двата времени  објекти кои единстени останаа од десетте, колку што  постоеја, издадени се решенија за нивно отстранување.

 И двата преостанати киосци ќе бидат отстрани, заради прегледност на учесниците во собораќајот, нивното место не е тука.Сопствениците добија одлуки и во текот на изведбата на  градежните работите, тие ќе ги кренат од  оваа локација  -изјави Чадиев.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »