речник контакт

Започна исплатата на парите за обештетување на земјоделците од Лозово, за невремето од мај 2022

Земјоделците се обесштетни во висина од пет отсто од поединелчната проценка

Петар Печков

Територијата на Општина Лозово на 28 мај 2022 година беше зафатена со обилни врнежи од дожд, ветар, град со големина на орев, што предизвика материјални штети на земјоделските култури, градежни објекти, автомобили.

Обилните врнежи од град нанесоа штети во селата Каратманово, Дорфулија, Лозово, Аџиматово, Ѓуземелци,  Милино и Ќоселери.

„Општинската комисија, врз основа на 260 поднесени барања од граѓани на општина Лозово излезе на терен и врз основа на утврдената фактичка состојба, со непосреден увид на лице место, констатира дека големиот број на барања се основани и кај нив има основ за проценка на штета, односно има штета на пријавените едногодишни култури, лозови и овошни насади, објекти, опрема и возила“ – соопшти Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Во елаборатот е наведена причината, големината и последиците од штетата. За таа цел по барање на Општина Лозово, за надоместок на штета предизвикана од временски непогоди, со одлука на  Владата, обезбедени се и започнати исплати, од пет проценти од поединечните проценки, констатирани во изработениот елаборат.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »