речник контакт

Започна кампањата против семејно насилство „Обединети за крај на насилството врз жени и девојчиња“

Има забележителен број на жени жртви на насилство во велешко, кои бараат помош

Петар Печков

Започна кампањата против семејното насилство која на локално ниво го спроведува  Организацијата на жени  од Велес. Мотото е „Обединети за крај на насилството врз жени и девојчиња“ и таа ќе трае од денес 25 ноември до  10 декември.

„Започнавме со активизмот борба против насилство врз жените и семејното насилство.   Со години работиме на  оваа тематика и  имаме сервис за психолошка поддршка  на жени жртви и даваме бесплатна правна помош.  Има забележителен број на жени жртви на насилство, кои бараат поддршка. Имаме психолог и психотерапевт, имаме правничка ако има потреба од правна помош“ - кажа Мирјана Трајковска претседател на Организацијата на жени Велес, која ја води оваа кампања. 

Ја реализираат со поддршка на  Општина Велес и Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес. 

Просториите на сервисот за психолошка  и правна помош се наоѓаат во просториите на МЗ Трајко Панов, на кривината кон Болница и тие работат од 14 до 18 ч. секој работен ден. 

Телефонот за психолошка помош е 071  374 389 додека за правна помош е  076 308 001.


Во следните  две седмици ќе има повеќе активности за подигање на свеста кај жените жртви, да не ги кријат насилниците. Беа примени како поддршка во нивната активност, од градоначалникот Марко Колев.

Претставничките на организацијата го посетија и СВР Велес каде беа примени од заменикот командир на ПС Велес, Трајче Алтанов. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »