речник контакт

Започна монтажата на видео опремата за надзор во училиштата и парковите

Дали обезбедувањето и натаму ќе остане во училиштата, одлука ќе донесат училишните одбори

Петар Печков

Со монтирањето на техниката во ОУ Блаже Конески, започна реализацијата на проектот за видео надзор во училиштата во градот, но и на парковите и јавните површини.  Ваква техника ќе добијат сите  седум основни и четири  средни училишта на подрачјето на Општина Велес. Целта е превентива и зголемена безбедност на учениците додека престојуваат во училиште. За почеток се поставуваат 16 видео камери  во ОУ  Блаже Конески, кој го покриваат просторот во и околу училиштето.   

Со овој проект придонесуваме за побезбедна настава во училиштата и намалување на лицата кои ја загрозуваат наставата. Под видео надзор ке бидат само ходниците,  кои се цел на снимањето така што гардероби, соблекувални, санитарни јазли,канцеларии,  училници и други слични простории нема да бидат предмет на контрола. Камерите пак што ќе ги поставиме по парковите, се со цел да се сопре уништувањето на урбаната опрема. Тие нема да ја нарушат приватноста на сограѓаните кои тука се шетаат. До снимките пристап ќе имаат само определен број на лица  -  изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

 По 16 камери ќе се постават и во парковите, Градски, Младински, Паркот на Пријателството, кај ОУ Васил Главинов.  Надлежните очекуваат дека така ќе влијаат врз намалување и целосно спречување на понатамошно уништување на урбаната опрема која постојано беше предмет на обновување поради несовесното однесување на одредени поединци.

Видео  надзор ќе добијат и Ликовниот салон и  Градскиот парк, како и градските куќи на Џинот, Главинов, Касапови, Рацин. Сите културни објекти ќе бидат под видео надзор  на опрема која е  Full HD. Овој проект локалната власт ја чини два милиони денари. Градоначалникот Чадиев потенцираше дека по воведувањето на видео надзорот, одлука е на училиштата дали ќе го здржат физичкото обезбедување. Училишните одбори сами ќе донесат одлука дали и натаму во објектите ќе има надворешно обезбедување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »