речник контакт

Започна наставата за докторски студии на ТТФ во Велес

Доделени дипломите за 24 завршени студенти и за 6 магистранти. Настава и за 12 нови студенти на магистарски студии. На велешкиот факултет студираат студенти од Албанија и Србија а настава за докторанти посетуваат тројца Косовци

Петар Печков

На свеченост одржана на Техничко - технолошки факултет  - Велес денес беа доделени дипломите за завршените студенти и на магистрантите. Започна  и наставата  за докторските студии, за шестмина студенти  и за 12 студенти за магистерски студии. Дипломите на завршените студенти и магистрите  им ги врачи деканката   д-р  Валентина  Павлова. 

Денес дипломи добиваат 24 завршени студенти и 6 магистрирани студенти.  Има и  втор дел од свеченоста, тоа е свечен час. Се однесува за  12 студенти кои продолжуваат за магистерски студии и шест запишан докторанти на новата студиска програма иновативни  технологии за храна и нутриционизам -  рече Павлова.    

Лани за прв пат започнало запишување за докторски студии на овој Факултет  и имало еден студент, годинава три се од Македонија и три од Косово.  Првите дипломирани докторанти се очекуваат за две до три години.  На овој факултет имало запишани како редовни студенти од Албанија и Србија а со обезбедени  стипендии на Министерство за образование на Македонија.   

Свечено беа  доделени  на дипломите на завршени студени на двете програми на ТТФ  -прехранбена технологија и био-технологија и за нутриционизам. Дипломи добија и шест магистрирани студенти  на   три студиски програми  - едногодишна и двогодишна нутриционизам и   едногодишна  за управување со безбедност и квалитет на храна. Техничко – технолошки факултет – Велес  започна со настава во 2008/9-та година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »