речник контакт

Започна откупот на тутунот во велешко

Во Велес и Велешко денес започнува откупот на тутунот од годинашната реколта

Петар Печков


Земјоделците од Општините Велес,Градско и Чашка оваа година склучиле 1870 договори со четири откупни тутунски претпријатија, од кои две се во Велес, Центро Табак Велес и Соко Мак Битола- Подружница Велес, како и со А.Д. Струмица Табак и Алијанс УАН од Кавадарци.

Од засадените 1050 хектари годинава се очекува да се откупат од 1930 до 1950 тони квалитетен тутун. Ова е за 10 до 15 отсто повеќе тутун споредено со лани, проценуваат земјоделските стручњаци од Подрачната единица на МЗШВ во Велес.

Земјоделските инспектори на терен во откупните тутунски фирми каде ќе ја следат регуларноста на откупот на тутунот по класи од страна на откупувачите, а предаден од страна на тутунопроизводителите

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »