речник контакт

Започна реконструкцијата на железничкиот патен премин во Дворови, за кон Железен мост

Таа треба да заврши до среда

Петар Печков

Од утрово започна  реконструкцијата  и модернизацијата на уште еден патен премин во Велес. Македонски железници Инфраструктура  ги започнува градежните работи на коловозот на патниот премин кон Железен мост, во месноста Дворови. Обновата се врши  со елементи од рециклирана гума.

Од локалната власт најавија дека за време на изведување на градежните работи ќе има времена измена на режимот на одвивање на сообраќајот на овој патен правец.

„Железничкиот патен премин во целост ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај. Сообраќајот е пренасочен и е се одвива преку улиците во месноста Дворови „Ѓоре Органџиев“, „Никола Оровчанец“ и „Кукушка“- соопштија од Општина Велес.

Таа  со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат трпение и разбирање во интерес на безбедно и квалитетно завршување на работите.

Се најавува дека градежните работи во целост би требало да бидат завршени до среда, 14.12.2022 до крајот на денот.

Модернизацијата на овој железнички патен премин во Дворови доаѓа по барање на граѓаните од овој дел на градот. Иако истиот  не беше во предвид да се реконструира, Општина Велес и МЖ Инфраструктура направија напор  во брзa постапка да се реши овој проблем. Тој е последен шести кој годинава ќе се работи, во рок од 15 месеци.

Претходно се завршија премините кај фабрика Киро Ќучук,  на нов мост, нa Cтар мост, кај Дворови и за Горно Оризари.

Следната година останува д се реконструира преминот кај Штипска пруга.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »