речник контакт

Започна сезоната на посета на планинарските домови

Многу планинари за првомајскиот викенд ги окупираа планинарските домови во Папрадиште и Чеплес

Петар Печков

Првомајски викенд ги наполни планинарските домови на Чеплес и Папрадиште,  така што гостите морале да спијат и во шатори. И двата дома имаат можност да примат по 50 посетители, но поради празниците имало многу повеќе, така што домаќините , за да не ги враќаат дома им обезбедувале спиење  во шатори или вреќи.

Привлечната цена од 150 денари за една ноќ, убавата природа и можноста за прошетка на неколку интересни локации ги привлекла љубителите на планината да поминат викенд на падините од Јакупица и под Солунска глава. И од двата дома велат дека ова е убава најава за претстојната сезона, од која очекуваат многу повеќе гости отколку лани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »