речник контакт

Започна сезонското зимско пошумување на ШС Бабуна (фото)

На 30 хектари во околината на Велес се засадуваат багрем, јасен и јавор

Петар Печков

Започна сезонското пошумување во околината на Велес, кое го изведува Шумско стопанство ,,Бабуна,, од Велес.   Треба до крајот на годинава да се засадат со садници  на 30 хектари површина, во близина на автопатот Скопје - Велес таму каде што теренот беше опожар пред неколку години, најави директорката  Љубенка Попова. 

Во тек е сезонско зимско  пошумување, до пред некој ден беа отежнати условите  поради повеќе месечната суша. Затоа по овој дожд кој овозможи подготовка на почвата  започна ова акција.  До Нова година треба да се засадат 30 хектари и заедно со тие  во месец март вкупно  50 хектари.  Се засадуваа со лисјарски видови  адекватни на надморска височина тоа се  багрем, јасен и јавор  - кажа Попова. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »