речник контакт

Започна со работа патролен социјален тим

Тој е прв во внатрешноста, по доброто искуство во Скопје

Петар Печков

Во Велес започна да функционира  „Патролниот социјален тим“  како дел од проектот „Патролна социјална работа“. Тој е лоциран  во простории на Општинскиот Црвен крст во близина на Железниот мост.   Проектот, кој веќе успешно се реализира во неколку скопски општини, а првпат во внатрешноста во Македонија, е резултат на заедничка, успешна соработка на Центрите со социјална работа, Црвениот крст и локалната самоуправа.  Во него ќе учествуваат тројца социолози, кои ќе им помагаат на социјално ранливите категории.

Велес досега покажа исклучително голема активност на овој план заедно со Црвениот крст. Патролниот социјален тим ќе оди секојдневно на терен и ќе им помага првенствено на бездомните лица на територија на Велес. Воедно, така ќе им помага и на децата од улица, ќе дава помош на стари и изнемоштени лица во делот на обезбедување основни прехранбени артикли, обезбедување здравствена помош и снабдување со лекови. Тој ќе обезбедува помош и на сите граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, изјави  министерот Ристовски.

Според директорката на Центарот за Социјална работа во Велес има регистрирано шестмина бездомници, но и десетина деца  од улица кои просат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »