речник контакт

Започна со градба кејот на реката Вардар во Велес

Изградбата на кејот треба да заврши до крајот на годинава

Петар Печков

Од средината на мината седмица, започна изградба на кеј од десната страна на реката Вардар. Ова го објави градоначалникот Марко Колев на прес конференцијата одржана мината седмица, за градежните активности кои се во тек.

Должината на кејот ќе биде 200 метри од мостот Гемиџии до Мало мовче и нешто пониско, или спротивно од кејот кој е изграден на левата страна. На него ќе се најдат и неколку киосци, каде  ќе се продава велешки локални сувенири и рачни изработки. 

„Во првата фаза ќе се отстранува вештачкиот земјен остров создаден по изградбата на кејот на левата страна, по што ќе се продолжи со градежните зафати на десната страна“ - изјавија од Општина Велес.

Причината за доцнењето беше забраната за работа издадена од Министерството за животна средина, поради нецелосна документација,за подоцна Општина Велес да објави дека документите биле во ред и залудно биле изгубени шест месеци.

Градоначалникот претходно кажа дека изградбата на кејот треба да заврши до крајот на годинава, доколку временските услови, поточно нивото на реката Вардар во Велес с е стабилно, односно  ниско.

Изградбата се пролонгираше, требаше да започнe на 1 ноември, но започна половина година подоцна, кога требаше кејот да биде завршен. Поради тоа  рокот на изградба е пролонгиран токму толку половина година.    Изведувач на работите, избран по пат на јавен повик  е градежната фирма „Делта пром“ од Велес.

Изградбата на кејот на реката Вардар во Велес е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран  од средства на  Европската Унија, за  преку гранична соработка меѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин во Република Грција и со него треба да се развива локалната  економија.  Проектот е во вредност од 430 илјади евра.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »