речник контакт

Започна теренската вакцинација „Од врата до врата“

Се вакцинираат деца од претшколска и училишна возраст. Во оваа кампања ќе се вакцинираат и лица од критичните групи, против сезонски груп, за лица од руралните средини иако не аплицирале

Петар Печков

Од денес започна теренската вакцинација за деца  од претшколска возраст и ученици.   Неа ја реализира Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Велес е со што се спроведува  втората фаза од  кампањата за имунизација „Од врата до врата“, организирана од Министерството  за здравство и  Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

Кампањата ќе се спроведува во текот на месец ноември и освен општина Велес  ќе бидат покриени  и соседните Чашка и Градско.  

„Пет тима треба во наредниот период да извршат  12 теренски посети. Пет од нив се во градот Велес, седум во  населените места од пошироката општина.  Целта на оваа кампања е да се подигне свеста и разбирањето за важноста на имунизација и придобивките од вакцинација. Ќе се посетуваат семејства  чии деца не се вакцинирани. Со нив ќе се врши едукативно информативен разговор, за значењето ан вакцинацијата , ќе се делат информативни брошури.  Ќе го промовираме вакциналниот процес, ќе ја објаснуваме користа  од редовната вакцинација.  Една од целите  е да се пронајдат деца, кои воопшто не е вакцинирани, тоа се деца од ранливи категории граѓани.  Децата ќе добиваат вакцини според календарот за вакцинација на деца од претшколска и школска возраст. Во зависност кое дете ќе го пронајдеме, која вакцина е пропуштена, со таа ќе го вакцинираме“ - кажа д-р- Марина Тодоровска,  координатор на кампањата  за теренска вакцинација.

Новина е што во оваа теренска вакцинација годинава е вклучена и вакцината за сезонски грип.

„Сите ранливи категории граѓани, над 65 години возраст, со хронични болести, трудници, деца од 6 месеци до 6 години, ќе може да се вакцинираат против сезонски грип, што го немаше во првата фаза пролетта. Тоа е истата вакцина која се аплицира со закажан термин во Центрите за јавно здравје. Таа ќе се аплицира без закажан термин од страна на граѓаните“ - додаде д-р Тодоровска. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »