Петар Печков
Објавено: четврток, 29 февруари 2024
Започна проверката на граѓаните дали ги има во избирачкиот список. Постапката се спроведува во подрачната единица на Државната изборна комисја, со работно време од 8 до 20ч. Kанцеларијата е отворена и во викенд, сабота и недела. Оваа проверка ќе треа до 18 март.
Граѓаните со себе треба да понесат лична карта или патна исправа. Државната изборна комисија овозможи проверката да се врши и по електронски пат, на овој линк.
Истовремено продолжува и потпишувањето за кандидатите за претседател на државата. Тоа се врши во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија, со работно вpеме од 8 до 20ч и преку викенд со тоа што на 8 март, последниот ден ќе работи до полноќ.
Во Велес има девет листи на кандидати за кои граѓаните можат да им дадат поддршка. За да бидат кандидат треба да соберат 10.000 потписи.
| Tweet |




