речник контакт

Започна уписот на првоодделенци во велешко

Родителите имаат обврска да ги запишат децата во текот на месец мај, сите кои годинава наполнуваат шест години

Петар Печков

Започнува уписот на прво одделенците во основните училишта во општинава. Тоа ќе се одвива  цел мај месец.  Запишувањето на учениците во прво одделение е задолжително за сите деца кои се родени од 01.01.2007 до 31.01.2008 година. Задолжителното образование е за децата кои до крајот на  оваа календарска   година ќе наполнат шест годишна возраст.

Уписите ќе се обавуваат во сите општински основни училишта согласно местото на живеење на ученикот. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. Родителот, односно старателот на детето е должен да го запише детето во основно училиште и е одговорен за неговото редовно посетување на наставата – велат од општина Велес. 

Постапката при запишувањето  во прво одделение во училиштето треба да дојдат родителот или старателот заедно со детето. Задолжително со себе да носат извод од матичната книга на родените и потврда за примените задолжителни вакцини за детето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »