речник контакт

Започна учебната година за 6,7 илјади ученици во велешко

Прво одделение тргнаа 470 првачиња, нема бројка колку средношколци се запишале во прва година. Градоначалникот вели има повеќе првачиња од лани, ланските бројки посочуваат имало стотина повеќе од годинава

Петар Печков

Започна учебната 2017/18 година. Во седумте основни  училишта во  Општината и четирите средни, на училиште во велешко  тргнаа 6.733 ученика основци и среднисти.   Успешна година им  посака градоначалникот Чадиев.

На секој почеток се посакува многу успех, да  учат да се социјализираат бидејќи ова е почеток на  долг образовен процес. Барам и трпение до родителите бидејќи децата се наоѓаат секогаш пред предизвик, да го трасираат животниот пат. Во Општина Велес има  470 првачиња што е 17 повеќе од лани. Учебната година започна без проблеми со обезбедени  се што е  потребно за старт, ако се јават проблеми ќе ги решаваме во од   – рече градоначалникот Чадиев.

И додека тој се пофали дека годинава имало повеќе прво одделенци од  лани, бројките  кои минатата година беа презентирани  од локална власт посочуваа  дека  во прво  одделение тогаш тргнале  580 првачиња, а пред две и три години бројката се движеше околу 600. Или годинава имало стотина помалку додека  градоначалникот тврди годинава имало  повеќе од лани. 

Вкупно во основно образование на настава тргнаа 4 532 ученика, додека во средно образование настава започнаа 2201 ученик. нема податоци колку ученици се запишаа во прва година средно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »