речник контакт

Започна хоризонталното сообраќајно одбележување на улиците низ градот

Ставена е во функција машината која Општина Велес ја набави на почетокот од годинава за 2,6 милиони денари

Петар Печков

Машината за бележење на хоризонталната сигнализација по велешките улици е ставена во функција. Неколку дена во ноќните часови, се врши хоризонтално бележење на улиците низ градот.

„Заради поголема безбедност бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши и во наредните денови сè додека не се бележат сите коловози и не се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот“ – објави на својот ФБ профил градоналникот Марко Колев.

Ова е прво самостојно бележење на хоризонтална сигнализација на Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“.

Општина Велес  ја набави машина за бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на почетокот на годинава. Вредноста беше 2,6 милиони денари, што предизвика реакции во јавноста.

Подоцна со одлука на Советот таа беше дадена за користење на ЈКП Дервен, чии вработени го извршуваат хоризонталното бележење на улиците.

фото  Општина Велес

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »