речник контакт

Започна „Скулпторската колонија 2023“

Организатор на „Скулпторската колонија 2023“ е Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“ а финансиски поддржано од Општина Велес

Петар Печков

Во Велес започна Скулпторската колонија „2023“ на која учествуваат шест автори, сите од Македонија. Учесници се  Ибрахим Беди, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Дамјан Ѓуров, Филип Коруновски и Слободан Милошески.

„Колонијата прераснува во еден симпозиум. Како дел од содржините беше панел дискусијата  „Велес отворена галерија“ на тема „Скулптурата во јавниот простор“. Дискутиравме што е јавна скулптура, какви се нејзините цели. Авторите учесници на колонијата во продолжение ќе работат дома, во своите ателјеа, каде најприродно се чувствуваат. Претходно го разгледавме градот и можни локации каде би се поставиле скулптурите. Имавме проекција на арт филм, „strugle“ за полски скулптор“ - кажа Ангел Коруновски учесник на колонијата.

Авторите треба да ги изработат нивните дела до месец февруари. Организатор на „Скулпторската колонија 2023“ е Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“ а финансиски поддржано од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »