речник контакт

Започнаа натпреварите во Третата фудбалска лига Центар

Во оваа конкуренција се натпреваруваат ФК Превалец, ФК Илинден БС и ФК Локомотива. Стартуваа и фудбалерките, со пораз

Петар Печков

Започнаа натпреварите од Третата фудбалска лига Центар. Во неа настапуваат и три екипи од ОФС Велес, ФК Превалец од Превалец, ФК Локомотива од Градско и ФК Илинден од Башино село.  Иако во ова лига настапуваше и лани го освои третото место ФК Бабуна од Мартолци се откажа од натпреварувањата и ќе игра во Општинската фудбалска лига. Ниту првакот на ОФЛ Форца Нова, ниту второпласираниот ФК Мартолци 07 не се пријавија за настап во Третата лига, па како трет таа можност ја искористи ФК Локомотива а подоцна и ФК Илинден од Башино село.  Така лигата брои 14 екипи.

Во првото коло  дожд од голови на натпреварот ФК Превалец - ФК Напредок од прилепско Крушеане 6:3 (2:0). Во Градско реми за Локомотива и Братство од прилепско Житоше 1:1 ( 1:1).  ФК Илинден ова кола не настапи, бидејќи домаќинот ФК Обршани побара средбата да се одложи, што било прифатено и ќе се игра во дополнително закажан термин. Во второто коло играат: ФК Илинден БС - ФК Ново Црнилиште,  во Горно Коњари прилепско ФК Горно Коњари - ФК Локомотива и во Ваташа  ФК Габер -0 ФК Превалец. 

Започнаа натпреварите на и Првата женска лига во фудбал. Во првото коло велешанки дома ФК Борец загубија од ФК Жас Јунајтед од Струга со 0:6. Следното коло велешанки гостуваат на ЖФК Речица во Речица, која на првиот натпревар загуби со 0:7.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »