речник контакт

Започнаа подготовките за претставата „Без крв“ заеднички проект на театрите од Пловдив и Велес

Премиерата е закажана за 10 септември на меѓународниот театарски фестивал „Кросроудс“

Петар Печков

Во  Драмскиот  театар Пловдив, Буарија  започнаа пробите за претставата „Без крв“ на истоимениот роман на Алесандро Барико. Текстот е на Александар Секулов, сценска адаптација и режија - Дијана Добрева. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмскиот театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов - Џинот“ - Велес. 

Од велешки театар, по престојот тука, режисерката Добрева ги селектира актерите  Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Исидор Јовановски  и Филип Христовски а таму престојува и Сашко Костов, кој е композитор на музиката. 

Премиерата на „Без крв“ ќе биде на 10 септември на Интернационалниот театарски фестивал „Кросроудс“.Во изведбата настапуваат и актерите од Пловдив, Маргита Гошева, Тодор Дарлјанов, Константин Еленков, Патриција Пандева, Елена Кабасакалова, Кетрин Гачева, Симеон Алексиев, Красимир Василев, Георги Вачев и Златко Шарков.

Проектот се спроведува со поддршка на Министерствата за култура на двете земји, Бугарскиот културно-информативен центар Скопје,  како и Фондацијата Пловдив 2019 во рамките на програмата „Наследство 2023“.

Во екипта која работи ан реализција на претставата се и  сценографот Валентин Светозарев, костимографите Раде Василев  и Елена Вангеловска,за музичкиот аранжман е одговорен Јавор Карагитлиев. Кореографијата е на Олга Панго, видео дизајн - Филип Коруновски.

 фото ФБ/ Драмски театар Пловдив

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »