речник контакт

Започнаа уписите за првоодделенците во велешко, треба да се запишат 556 деца (видео)

Уписот трае до 30 мај

Петар Печков

Уписот на идните првачиња започна од 2 мај и ќе трае до 30 мај. Во велешко треба да се запишат 556 деца.  Од годинава посебно ќе се почитува реонизацијата. Нема да се дозволи префрлање на ученици од цел град кон ОУ Блаже Конески или Св. Кирил и Методиј, што изминатите години беше редовна појава.

„Сите ученици ќе се запишат по адреса на живеење без исклучок, освен во случаи во соодветниот реон  ученикот не може да следи настава на мајчин јазик, или доколку постои документација со која што ќе се утврди здравствено или психосицијално нарушено здравје, да нема слободен капацитет во училиштето, или за добробит на ученикот потврдено од Центарот за ментално здравје. Во овие случаи може да бдие запишан во друг реон од местото на живеалише/престојувалишпте“ – кажа Верица Тодоровска Дацева раководител на одделение за јавни дејности при Општина Велес.

Потербен и извод од матична книга на родени за детето ученик, лична карта од родител/старател,  здравствени белешки за извршен систематски преглед со вакцинација, картон со извршена вакцинација, потврда за извршен офатмолошки и стоматолошки преглед.

На територијaта на Општина Велeс има седум основни училишта и споreд списокот нa МВР, деца родени во 2019 кој треба да се упишат во прво одделение се 556.

Можно е од оправдани причини рокот за запишување да биде и надвор од последниот ден 30 мај.

фото архив

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »