речник контакт

Започнува репроценка на надвижностите во Општина Чашка

Во недвижностите спаѓаат викендици, куќи или помошни објекти и ќе бидат посетени во наредниот период

Петар Печков

Локалната власт на  Чашка започнува со масовна проценка и репроценка на недвижностите на територијата на нашата општината.


Од 27.02 .2023 година обучени општински тимови во наредните три месеци ќе извршат масовна проценка на недвижностите. Тие  во наредениот период ќе ги посетат сите недвижни имоти во 41 населено место по однапред утврден распоред.

Од 27.02 до 15.03.2023 секој работен ден во периодот од  9 часот до 15 часот ќе бидат опфатени  населба Чашка,Извор,Богомила Мелница, Лисиче и Горно Врановци.

Се информираат жителите од овие населени места во споменатиот период кои поседуваат било каков недвижен имот  ЛЕГАЛЕН ИЛИ НЕЛЕГАЛЕН тука спаѓаат  викендици, куќи или помошни објекти дека ќе бидат посетени.

До месец Мај ќе се изработи и пообемен електронски софтвер кој ќе биде лесно достапен за сите граѓани а ќе понуди поточни и поажурни податоци за сопствен имот како и можности за електронска наплата на даноците и други јавно достапни информации од повеќе области за сите населени места.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »