речник контакт

Заразно преполно со болни од грип, во Велес 625 заболени лица

Нема ниту еден смртен случај како последица на грипот

Петар Печков

Грипот во Велешко се повеќе се шири,  има се повеќе заболени. Така изминатата седмица во Центарот за Јавно здравје има регистрирано 625 лица заболени од грип а најмногу од нив 425  се на возраст од 15 до 64 годишна возраст.

Според нивната статистика, ваква бројка имало во истиот период и минатата година и таа е вообичаена за месец февруари. Споредбено мината седмица во Велес имаше 401 случај на заболени од грип, додека  во последната седмица на јануари само 5 лица.

 Во Центарот за Јавно здравје  не добиле потврда дека некој од овие заболени лица од грип  починал.  Истовремено инфективното  одделение во Велешката Општа болница е преполно со пациенти.  

Поради големиот прилив на болни, во секоја од собите е додаден по еден кревет. Така таму моментално имало 48 пациенти, некои во дневната болница -15 и  33 лежечки болни.  Симптомите на овогодишниот грип се кашлица, висока температура 38 до  40, болки во зглобовите, болки во грлото, слуз од носот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »