речник контакт

Затвор за гатачка, присвоила илјада евра, во злато

При гатањето од петте велешки семејства земала 16 златни предмети седум прстени, едни обетки, четири бурми, едно ланче, три преврзоци

Петар Печков

Велешанката  Сефаде Али ( 29 год) доби осум месеци затвор оти прелажа  петмина велешани при што ги оштети  за илјада евра. Таа  во Основниот суд во Велес беше прогласена за виновна за кривичното дело измама, кое го сторила во повеќе наврати во период од осум  месеци од декември 2011-та до јули 2012-та година.

  Сефаде   одела по домовите на велешани и нудела свои услуги, дека со гатање и баење помага да се отстрани неволјата што оштетените ја имаат во нивните домови. При тоа на пет семејства им ветила дека ако и дадат златени предмети, таа ќе ги претопи, ќе направи амајлија која ќе им ја донесе следниот ден по што маките кои ги имаат, ќе ги снема.

При  ова ветувала дека  ќе ги реши расправиите на снаата  со свекрвата, на слепа жена дека ќе прогледа, на мајка дека нејзиното дете ќе престане да плаче, дека ќе ги реши семејните проблеми во фамилијата, дека  болно дете ќе се излекува. За ова нејзино гатање од петте велешки семејства земала вкупно  16 златни предмети и тоа седум прстени,  едни обетки,  четири бурми, едно ланче,  три преврзоци. Вкупната вредност на овие златни предмети е околу илјада евра.

Таа откако го земала  златото, исчезнувала и ја немало да се врати со амајлијата. По ова отштетните случајот го пријавувале во полиција а таа  открила дека Сефаде Але е гатачката која преку измама доаѓала до материјална корист. За ова дело судот ја осуди на казна затвор од осум месеци.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »