речник контакт

Затвор за двајца велешани кои ограбија бензиска пумпа

Во два наврати со пиштол лажлиец, ограбена е бензиската пумпа на автопатот кај селото Караслари

Петар Печков

Двајца велешани  заедно добија седум и пол години затвор затоа што во два наврати ограбиле бензинска пумпа со закана од пиштол, кој подоцна било констатирано дека е плашливец.

Аце Славевски ( 27 год) и Гоце Минов ( 25 год) од  приградската населба Превалец, се прогласени за виновни за  кривично дело разбојништво   кои ги сториле во три наврати последните шест месеци. Славевски доби четири години, додека Минов три и пол години затвор и  заедно треба да вратат 43 илјади денари, за колку пари го оштетиле Мак Петрол.

Според обвинението на 26 октомври лани  околу 2 часот по полноќ Славевски влегол во бензинската пумпа бр.132, лоцирана покрај автопатот Гевгелија – Велес, во близина селото Караслари  со закана по продавачот врз неговиот живот со пиштол,  одзел 15 илјади денари,  по што со парите заминал во непознат правец.

На 7 февруари годинава  повторно околу  2 часот по полноќ, обвинетите  влегле во истата Бензинска пумпа, Славевски  со вперен пиштол  кон продавачот одзел  13  илјади денари, додека Минов  од рафтовите одзел  25 штеки цигари,  повеќе чоколади милка и тофу, во вкупна вредност од 40 илјади денари.   Потоа продавачот и неговиот пријател кој бил во пумпата ги затвориле во тоалетот и побегнале.

Третото дело двајцата обвинети го сториле на 14 февруари годинава околу 19 часот влегле во куќата на старецот  К. Б. ( 82 год)  во Велес и со употреба на сила и со закана по неговиот живот   со пиштол одзеле 12.000  денари и повеќе предмети во вредност од три илјади денари а домаќинот го оставиле со врзана уста со селотејп, за столица и побегнале. 

За да не биде препознаен при грабежите на бензинската пумпа Славевски, кој ги сторил делата со закана од пиштол, се маскирал. Одел кај неговата девојка во Караслари  се шминкал, на лицето си ставал креон, на усните кармин, за да не биде препознаен. Но откако биле фатени, по  последното разбојништво, биле препознаени и од продавачите во бензинската на Макпетрол но и од ограбениот старец. И двајцата на судското рочиште го признале делото

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »