речник контакт

Затвор за несовесен родител кој со муниција ги загрозил семејството

Ги фрлил куршумите во оган, додека семејството било околу него

Петар Печков

 Ристо Димовски ( 46 год)од населба Чашка ќе одлежи затвор од 3 години и 3 месеци заради недозволено поседување и користење на огнено оружје. Тој на 2-ри април 2010 година во вечерните часови  запалил оган и во него фрлил дел од муницијата  која нелегално ја поседувал, со цел да види дали таа се уште е активна.

На овој чин го собрал целото семејство. Од огнот куршумите започнале да експлодираат со што ги загрозил животите на неговата фамилија која било околу огнот, сопругата и четирите деца. За среќа ниту еден од експлодираните куршуми не ги погодил членовите на семејството на Димовски, кои биле престрашени. По инцидентот  полицијата интервенирала а  при претресот во домот  нашле 22 боеви  куршуми. За овој чин Димовски ќе одлежи затвор 39 месеци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »