речник контакт

Затвореник од Градско побегнал од затворот од Велес, но бил пронајден и вратен

Избегал осуденикот А.С.(32 год) од Градско

Петар Печков

Затвореник од отвореното одделение до затворот Идризово во Велес, побегал, но за кратко време е лоциран и вратен на до отслужување на затворската казна. За овој настан ТрМр побара одговор од СВР Велес, кои го потврдија настанот.

„На 25.01.2023 во 20.05 часот во СВР Велес било пријавено дека од Казнено – поправната установа Затвор Идризово - Отворено одделение Велес избегал осуденикот А.С.(32 год) од Градско. По преземени мерки од полициски службеници од Полициската канцеларија Градско лицето било пронајдено и приведено на 26.01.2023 во 11.20 часот, по што било спроведено во установата“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »