речник контакт

Зафирова и Коруновски на Зимската Гимназијада во Ерзерум Турција

Тие ќе се натпреваруваат во алпските дисциплини, слалом и велеслалом и ќе ја претставуваат Македонија

Петар Печков

На Зимската Гимназијада, која од 11 до 23 февруари ќе се одржи во Турција, во зимскиот центар Ерзерум, за прв пат Велeс ќе има свои претставници. Тоа се младите 15 годишни скијачи Катја Зафирова и Петар Коруновски, ученици во Гимназијата Кочо Рацин од Велес. Тие ќе настапат во алпските дисциплини, слалом и велеслалом. 

Со нив ќе биде и професорот по физички воспитување Иле Попов, како тренер во клубот 28 каде овие двајца ученици се членови.

Настапот е овозможен и поддржан од страна на Федерацијата на училиштен спорт на Македонија и Скијачката Федерација на Македонија. 

Освен во алпски дисциплини, на Зимската Гимназијада ќе настапат и македонски претставници во биатлон.

На овој спортски  натпревар се очекува да настапат учесници, ученици  од Гимназии од  30 држави на Европа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »