Петар Печков
Објавено: петок, 16 мај 2025
Ha повеќе населени места на подрачјето на општина Велес ce реализираше превентивна активност, при што со граѓаните беше разговарано за заштита и намалување на опасностите за настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор.
„Граѓаните беа предупредени за внимателно извршување земјоделски работи, со акцент за опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Во рамки на превентивната активност беше посочено дека е законски казниво палењето на нивните обработливи површини“ - информираа од МВР.
На граѓаните им бил поделен печатен едукативен материјал, со информативна содржина, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, а насочен кон подигнување на свеста за превенција од пожари.
Активноста е реализрана од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.
| Tweet |






