речник контакт

Заштитени од одрон на карпи

Велес заедно со УНДП ја заштитија црквата и три куќи од одрон на карпи

Петар Печков

      УНДП и Општина Велес со 22 илјади долари  вложени на четири локации во градот,  извршија санација на карпи кои се заканува по велешани, со што ги намалија ризиците  од несреќа.  Овој проект се работеше две години, за кој период беше санирана карпата над црквата Св. Пантелејмон но и три камени блока над исто толку станбени куќи во градот.

Со овој проект не само што се заштити културно историскиот споменик црквата Св. Пантелејмон, се заштити и населението од куќите кои беа во опасност поради рушење на карпите и земјата  - рече Горан Петров градоначалникот на Велес. 

Локалната власт на Велес вложи  11,2 илјади долари, УНДП  10,3 илјади долари а во детектирање на проблемот бил вклучен и  Центарот за Управување со кризи.  Со овие пари беше санирана карпата која се сруши на заштитната ограда на црквата Св. Пантелејмон а друга тешка повеќе тони се закануваше по храмот кој е изградена во 1840-тата година од Андреја Дамјанов и тој е споменик на културата.

Инвестирањето во активности за намалување на ризиците од катастрофи обезбедува  побезбедна иднина за граѓаните на Велес. Еден долар вложен  во превенција заштедува седум долари дадени за поправка. Затоа е важно да се инвестира денеска за обезбедување на утрешнината – рече Александро Фракасети  заменик  на постојаниот претставник на УНДП во Македонија. 

Освен карпата над црквата, беа санирани и три карпи кои се срушија над станбени куќи на улиците Коле Цветков и Питу Гули, при што беа загрозени десетина семејства. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »