речник контакт

Заштити се од СИДА, 1-ви декември светски ден на борба против ХИВ -СИДА

Годинава во Велес еден нов случај на носител на ХИВ вирус. Сигурна превенција кондом при секусални односи

Петар Печков

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори.[1] Сидата е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки дефицит“ (француски: Syndrome d'immunodéficience acquise), а AIDS потекнува од англискиот назив за „стекнатимунодефицитарен синдром“ (англиски: Acquired Immunodeficiency Syndrome

Од 1987-та година кога за прв пат во Македонија е регистриран случај на СИДА, во Велес се вкупно регистрирани пет . И тоа 2005-та заразен со СИДА и починат, во 2007-ма носител на ХИВ вирус, во 2010 носител на ХИВ вирус, во 2011-та еден заразен со Сида и оваа година еден носител на ХИВ вирусот информираа од Центарот за Јавно здравје Велес.

Починатиот од СИДА  бил маж на 70-тина години кој се вратил од странство и тука констатирал дека ја има оваа болест, која всушност е недостаток на имунитет.  Сите претходни случаи на СИДА/ХИВ во Велес се кај машката популација. Сите имале МЅМ (man sex man) и биле промуискуитетни.

 Во Центарот за јавно здравје во Велес на располагање на граѓаните стои и бесплатниот СИДА тест кој е анонимен и дискретен. Годишно оваа услуга ја користат  повеќе од стотина велешани, најчесто лица на кој им треба потврда дека не се позитивни, за работа на брод, патување во друга земја, вадење бугарски пасош, работа во странство.

Според најновите сознанија на СЗО, доколку навреме се открие ХИВ инфекцијата може многу подобро да се третира, се продолжува животниот век на заболеното лице, се намалува смртноста, но во голем процент се спречува пренос на други лица. Постои разлика помеѓу поимите - ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. Тоа се две поврзани но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат.

Хив позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способна за физичка работа или било која друга активност.


Вирусот најчесто се пренесува преку сексуален однос, а има случаеви каде што е пренесен преку доаѓање во контакт со заразена крв, преку заразена мајка во текот на бременоста (каде што вирусот се пренесува на детето), преку доење на дете од страна на заразена мајка, пораѓање итн. Вирусот неможе да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »