речник контакт

Збогум Сем!...Ти најгрдо куче на светот

Можеби првпат ќе прочитате за најгрдото куче на светот, но и последен, оти неодамна угина.

Зоран Николов

Сем, светски најгрдото куче, угина кусо време откако наполни 15 години, објавија медумите во Санта Барбара. Кучето беше чистокрвен Кинески гривест пес, но на телото речиси и немаше влакна, забите му беа искривени, а беше и „полн“ со брадавици. Поради тие карактеристики победи на натпреварувањата во Калифорнија во 2003-та, 2004-та и 2005-та како куче со најгрд изглед. Сем беше „спасен“ од маките кога прими инекција со која беше евтанизиран поради хронично заболување на срцето. „Нема да има друг како Сем. Некои луѓе сметаат дека тоа е добра работа“, изјави неговата сопственичка Суси Локед. Нема податоци колку потомство „оставил“ зад себе Сем. Кучето беше на насловната страна на „Дејли мирор“, се појави неколкупати на телевизија во Јапонија, отседнуваше во луксузни хотели, а имаше средба и со милионерот Доналд Трамп. Сем си имаше и своја Интернет-страница [url=SamUgliestDog.com]SamUgliestDog.com[/url]. Од Аviso MC Жити се видете ја неговава страница!!!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »