речник контакт

Звукот на традицијата, фолклорот четири дена ќе ги забавува велешани

Од среда до сабота по 19 пат фолклорниот фестивал Велес 2024 со 20 ансамбли и 500 учесници. Програмата на фестивалот

Петар Печков

Повеќе од 500 учесници од 20 ансамбли, четири дена низ Велес ќе го шират звукот на фолкорниот мелос и боите на народните носии од десетина држави од светот. Ова е во една реченциа тоа што ќе се случува во Велес од среда со сабота, настан кој вообичаено има најголема посетеност и најголем интерес во градот за една манифестација.

„Велес неколку дена ќе живее со традицијата и фолклорот, со ансамбли од Велес, Македонија и светот.  Ги поканувам сограѓаните да уживаат во прекрасните фолклорни звуци наредните денови“ –рече градоначалникот Марко Колев.   

Тој се заблагодари на организаторите фолклорните друштва Керамичар, Коле Неделковски и Вила Зора, кои 18 години наназад се вложуваат во манифестацијата. Годинава фестивалот се одржува по 19 пат и како и претходно има меѓународен карактер. Учествуваат играорци од  Србија, Турција, Романија, Украина, Австралија, Црна Гора, Словачка, Полска и Македонија.  

„Од годинава  фестивалот е дел од Светската организација на фолклорни фестивали ЦИОФФ. Иако тој е од меѓународен карактер и го презентира фолклорот  на сите земји учеснички, тој е најголем промотор на македонската култура и традиција“ – кажа Томе Јаневски, претседател на организациониот одбор на манифестацијата.

Традиционално се одржува во Амфитеатар од Младиснки парк, секоја вечер со почеток од 20,30 освен на затворењето, в сабота кога е од 20 ч.  Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Велес со 800 илјади денари и Министерството за култура од 300 илјади денари.  

Традиционалното дефиле започнува среда попладне  од 19ч. од пред Интернатот ќе мине по Благој Ѓорев до Пошта, потоа по Алексо Демниевски Бауман до амфитеатар.  Новина е што четврток, петок и сабота пред почетокот на официјалната програма, подмладокот на трите фолклорни друштва од Велес, ќе ги забавуваат присутните, оти тие уште во 19ч. го полнат гледалиштето.  

03.07.2024 година (среда)
19:00 Дефиле на учесниците
20:30 Свечено отворање на фестивалот
Настапуваат:
- КУД „Коле Неделковски“ - Македонија
- ФА „Миорита“ - Романија
- КУД „Разиграна Македонка“ - Австралија
- „Кочаели фолклор СК“ - Турција
- КУД „Тодор Јанев“ - Македонија
- ФС „Вах“ - Словачка
- ФС „Блажевски“ - Македонија
- ФА „Јагитка“ - Украина

04.07.2024 година (четврток)
20:30 Втора фестивалска вечер
- „Распеани велешани“ - Македонија
- ФА „Јагитка“ - Украина
- ОТИ „Стефан Гајдов“ – Македонија
- КУД „Рожаје“ - Црна Гора
- КУД „Гердан од Бисери“ - Македонија
- ФА „Миорита“ - Романија
- ФА „Мало црниче“ - Србија

05.07.2024 година (петок)
20:30 Трета фестивалска вечер
- „Распеани пензионери“ - Македонија
- ФС „Вах“ - Словачка
- ЦК „Бели мугри“ - Македонија
- ФА „Миорита“ - Романија
- ФА „Тиквеш“ - Македонија
- ФА „Јагитка“ - Украина
- Ансамбл „Керамичар“- Македонија
- „Кочаели фолклор СК“ - Турција

06.07.2024 (сабота)
20.00 Свечено затворање на ИФФ „Велес“ 2024
- Ансамбл „Брзозоки“ - Полска
- ФА „Миорита“ - Романија
- КУД „Никола Карев“ - Австралија
- ФА „Јагитка“ - Украина
- „Кочаели фолклор СК“ - Турција
- ФС „Вах“ - Словачка
- ФА „Вила Зора“ - Македонија

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »