Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јули 2026
Заврши 21 издание на меѓународниот фолклорен фестивал Велес 2026. Донесе богата програма, со различни звуци, мелодии, песни, ора и танци, кои досега, изминатите години велешани не можеле да ги видат. На годинашниот фестивал учествуваа учесници до Полска, Србија, Италија, Мексико, Албанија, Бугарија, Австралија, Костарика и од Македонија.
„Убавите работи кратко траат, но спомените и пријателствата од овој фестивал се вечни. Блесоците ќе ни останат во срцата и очите до следното издание. Горди сме што годинашниве 16 ансамбли создадоа сплет на бои, звуци, впечатоци, движења, што долго ќе траат и ќе ги помниме. Тие ни ги стоплија срцата со фолклорните бисери од нивните татковини. Со своите танци и песни освоивте цел еден град“ – кажа претседателот ан организациониот одбор Томе Јаневски.
Тој се заблагодари на Општина Велес и Министерството за култура за финансиската помош. Се заблагодари и на публиката, која со присуството сите четири дена дадоа голема поддршка дека фестивалот има значење за градот.
„Ниту еден труд не е залуден кога ќе ве видиме вас, драга публико, овде со илјадници како среќни , насмеани и весели им ракоплескате не уметниците на фолклорот. Довидување до година на 22 издание“ - порача Јаневски.
Гостите од Полска се претставија со нивни танци а публиката ја кренаа на нозе со изведбата на Македонски девојче, Италија- Горица на границата со Словенија донесоа карактеристични алпски песни.
Гостите од Албанија имаа настап кој воодушеви со звук и носии кои се карактеристични за делот каде Албанија граничи со Грција.
Бугарите исто така понудија свој мелос и ора кои се знаменитост за делот каде живеат. Настанот на Мексиканците сите четири вечери ги освои велешани, кои им возвратија со исполнување на традиционалната мексиканска народна песна Ла бамба, посветена на сечачите на дрво, како и љубовната "Cielito Lindo“, или "Canta y no llores", или едноставно како "Ay, Ay, Ay, Ay song". Мексиканците се на турнеја низ Европа и пред Велес, настапија во Рим –Италија, од каде ја започнаа европската турнеја.
За прв пат велешани можеа да видат гости играорци и од Костарика.
Тие ја изведоа и песната на Хари Белафонте Banana Boat (Day-O). Песната е барање од карипските работници на пристанишните докови, каде се истовара стоката, а работат во ноќна смена до инспекторот за товар. Тие го замолуваат да им ги изброи собраните банани за да можат да добијат плата, да ја завршат исцрпувачката смена и да си одат дома. Тие европската турнеја ја започнаа од Велес за да ја завршат во Истанбул.
Или одличен годинашен избор на организаторот со бои и звуци од повеќе страни на светот.
| Tweet |

















