речник контакт

Зголемен број на случаи на семејно насилство во Велес

Од година во година бројот на случаи на семејно насилство на подрачјето на општина Велес е се поголем.

Петар Печков

Од година во година бројот на случаи на семејно насилство на подрачјето на општина Велес е се поголем. Во  велешката полиција регистрирани се бројни случаи на малтретирање на сопругата, децата. Тие се најчесто жртви на насилство кое се случува во кругот на семејството и тешко се излегува од затворениот друг на малтретирање на најблиските.

- Во десеттте месеци до годинава во Велес драстично е зголемен бројот на случаи на семејно насилство, споредбено со претходните  години. Бројките од година во година се се повисоки - вели Снежана Пановска, инспектор по малолетничка деликвенција при СВР Велес, не соопштувајќи конкретни бројки. Полицијата го следи овој проблем  по што за одредени случаи се поднесуват и кривични пријави. Велат дека жртвите тешко се „отвараат“ за да ја искажат нивната мака, поради што насилникот продолжува со неговото однесување и малтретирање во семејниот друг.

- Причина што семејносто насилство не се открива, е што тоа се смета за срамен чин за жртвата, по што таа го крие од јавноста. Зголемиот број на пријавени случаи се должи на подигнатата свест во јавноста за овој проблем, по што жртвите се решаваат да го пријават во полиција - вели дипломираниот социолог Вангелица Маџунова Гаврилова.

Наспроти зголемениот број на пријави за семејно насилство, бројот на решени вакви случаи во велешкиот суд е мал. Причина за ова е што во истрага или пред судија, жртвите ја менуваат изјавата, сожалувајќи се дека сторителот ќе се промени во однесувањето и судскиот спор нема завршница, објаснуваат од велешкото обвинителство.

Така остануваат само регистрирани случаите кога сопругот ја тепал женаму бидејќи не му се допаднала вечерата, друг со секира ја нападнал и го демолирал домот, трет со нож се обидел да ја убие, друг и го откинал увото бидјеќи не му се бендисало кафето жена му го сварила.

Има случаи кога освен жената, мажот ги малтретирал и децата, мајка си па која заедно со снаата го пријавила во полиција, или во други два случаи сопругите биле истерани до дома да спијат на улица.

Оваа година за прв пат еден маж пријавил насилство врз него од сопругата, која со години го држела заклучен дома и му давала храна да јаде од подот, како на куче.

Анкета спроведена меѓу илјада велешки средношколци отрки дека семејното насилство е присутно кај сите социјални слоеви а најчесто жртви се жените па децата кои се сведоци на овој чин.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »