речник контакт

Зголемен е бројот на затворени фирми во Велес, лани

На ниво во Македонија лани е намален бројот на затворени фирми

Петар Печков

Во 2024 година во Велес се затворени 114 фрими, што е за 4 повеќе од 2023 кога биле  затворени 110 фирми. Со оваа бројка градот се наоѓа на 10-то место, меѓу градовите од Македонија, исто како  претходната година. 

Лани во Македонија се затворени 3.773 компании, од нив намјмногу се  микро фирми 3.468. Намалувањето минатата година  е за 557 помалку од  2023 година, кога  во државата биле  затворени 4.330 фирми. 

Оваа бројка на државно ниво е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми, објави порталот „Пари“.

Меѓу згаснатите доминантно е учеството на ДООЕЛ фирма основана од поединец, па ТП.

Најмногу фирми згаснале во Скопје 869 (1.440), потоа следат Битола со  281 (263), Тетово со 221 (248), Куманово 190 (1820,  Струга 187 (154), Прилеп 181 (174),  Гостивар 172 (198), Охрид 160 (147), Струмица 121 (133). (во заграда се бројките од 2023 година).

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »