речник контакт

Зголемен е бројот на интервенции на велешките пожарникари лани, откако четири години претходно бројот се намалуваше

Лани имало и две жртви при пожарите во Велес

Петар Печков

Зголемен е бројот на интервенции на велешките пожарникари лани за 35 повеќе отколку во 2022, или во бројки 269 наспроти 234. Ова се однесува на територијата која ја покрива ТППЕ Велес, а тоа се општините матичната  Велес, Чашка и Градско.

Од вкупниот број во Општина Чашка имало 11 интервенции во 2023/осум во 2022 додека на територијата  на Општина Градско  13 интервенции лани а во 2022 двојно повеќе 26. Или само во Општина Велес во 2023 имало 245, што е  за 45 повеќе од годината претходно.

„Човечки фактор, човекот е причина за зголемениот број на пожари и интервенции“ - вели Димче Јованов командир на вод при ТППЕ Велес.

Откако четири години претходно бројот на интервенции на велешките пожарникари постојано се намалуваше, лани се случи нивен пораст.  Освен што е зголемен бројот, во пожарите лани згаснаа и два човечки животи а во 2022 жртви немаше.

Пожари на отворено имало 115/ 124  во 2022, пожари на објекти 20/62 и 51/48 технички интервенции, во кое што спаѓа и интервенции при сообраќајки, вадење давеници од вода, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории.
При пожарите во шума, на трева, стрништа биле зафатена површина од 400 ха што е за 150 повеќе отколку во 2022 кога биле опожарена површина од 250ха. а во 2021 -179 ха.

Ова е четврта   година по ред, како  се намалува бројот на интервенции кои велешките пожарникари ги имале на терен. Ако лани имале 269, година дена пред тоа  234 , во 2021  311, во 2020 321 а во 2019 361. ТППЕ Велес  покрива подрачје на три општини, матичната Велес и соседните Чашка и Градско.

Лани во Велес имало 245/ 200  интервенции, а во 2021 - 270 интервенции,  наспроти 296 во 2020-та  додека во 2019-та 303 а во 2018-та 239.
Минатата година се бележи пад при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите интервенирале во 15/16 случаи наспроти 26 во 2021,  во 2020 биле 15 случаи.
Лани  во 27/18 случаи интервенирале при гасење на оган во контејнери. Намален е бројот и на интервенции при запален оџак 9/ 17/ 21  во 2021.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »