речник контакт

Зголемен е криминалитетот во велешко а низок е процентот на откривање на сторителите на кривични дела во велешко

Овие бројки праќаат лоша слика кај потенцијалните инвеститори, вели советникот Коста Нојков. Лани 33 пријави за не носење заштитна корпа на кучиња додека 1.621 прекршок кај граѓаните за не носење заштитна маска

Петар Печков

Ланската година се бележи раст на бројот на кривични дела и сторители на подрачјето на ПС Велес. Во 2021 имало 631 кривично дело наспроти 571 во 2020-та, што е зголемување од 11 отсто. Најголем дел 76 отсто се од класичниот криминал, 20 отсто од економскиот и 3 отсто со недозволена трговија со дрога. Ова се бројките од годишниот извештај за работењето на Полициска станица Велес.

„Од вкупниот број на извршени кривични дела 51 отсто се со познат сторител а остатокот е со непознат. И од нив 307, подоцна се расветлени 111 со што е остварена откривачка ефикасност од 30 отсто. Овие бројки праќаат лоша слика кај потенцијалните инвеститори. Ако ги видат ќе се исплашат. Ова значи дека не се откриваат кривичните дела. Денес барем  има современи средства за откривање. Голема е бројката на поднесени барања по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Ако во 2020-та имало 193 лани рамно 500 “- кажа советникот Коста Нојков. 

Тој посочи и уште една состојба. За констатираните прекршоци за носењето заштитна маска кај луѓето и заштитна корпа кај домашните миленици, кучињата.  
„Имаме шетање на кучиња без заштитна корпа 23  прекршоци во 2020-та и 33 пријава лани. Додека  за луѓе лани кои не носеле заштитна маска има 1.621 прекршоци.   Законот е јасен кој има домашен миленик мора да носи заштитна маска. Не е целта за репресија, туку да укажете на сопствениците,  тие  да знаат, нивните кучиња мора да носат копри. Има големи кучиња кои сопствениците ги шетаат без маска, тоа  ги плаши децата, жените“- дополни Нојков.  

Објаснување за состојбата даде Александар Костов, командир на ПС Велес.

„Ефикасноста во однос на криминалитетот со  други години  е намалена.  Но во Европски рамки оваа е голема, таму е уште помала.  Овие 500 сообраќајни прекршоци се констатирани на автопат а таму лани поради бегалската криза имавме седум полициски пункта со 24 часовно дежурство и тие меѓу другото го констатирале овие прекршоци во сообраќајот“ -одговори Костов. 

фото Снежана Попова

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »