речник контакт

Зголемена е потрошувачката на вода, се оставаат чешмите да течат во страв од замрзнување

Од ЈКП Дервен ги потсетуват граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување тоа веднаш да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите

Петар Печков

Студеното врме кое оваа седмица ја зафати Мкедонија и Велес, јз зголеми  потрошувачката на вода. Дневно се троши по 150 л/ сек, што е за  7 до 10 литри повеќе отколку претходната седмица. Од ЈКП Дервен потенцираат дека ова е случај, бидејќи дел од корисниците ги оставаат чешмите да течат преку ноќ, во страв од замрзнување.

„Поради многу студеното време деновиве, како и најавата дека ниските температури ќе продолжат и во текот на наредните денови, ги потсетуваме граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување тоа веднаш да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите. Во случај да замрзне водоводната инсталација, граѓаните да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела , тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата. Во ниеден случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предзвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична“ – соопштија од ЈКП Дервен.

Доколку граѓаните забележат дека стаклото на водомерот е пукнато или водомерната инсталација е оштетена од мразот, потребно е да се обратат на бројот 231 011, локал 124, или по 15:00 часот на дежурните телефони 076 308 038 и 043 231 820 и да пријават дефект на водомерите, по што екипите на ЈКП Дервен ќе интервенираат. 

Потсетуваат дека ЈКП Дервен има обврска да ја одржува водоводната мрежа, односно да интервенира на дефекти на водоводната мрежа до граница на имотот на граѓаните, односно до самиот објект во случај на деловни објекти, а обврската и трошоците за одржувањето и евентуалното отстранување на дефект на водоводната инсталација на самиот корисник е негова обврска и на негов трошок.

Во поглед на водомерите, би сакале да укажеме дека граѓаните не смеат самите да вршат поправки на водомерите, и дека доколку имаат расипан водомер, тие се должни тоа да го пријават во ЈКП Дервен (на телефонскиот број 043/231 011, локал 124) или кај реонскиот инкасатор (телефонскиот број на реонскиот инкасатор е наведен на сметките за комунални услуги).

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »