речник контакт

Зголемена затворската казна за убиството во Долно Караслари

Апелација им досуди по 12 години затвор на мајката и синот, кои беа обвинети за убиството над таткото и сопруг Зоран Трајковски

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје  ја зголеми затворската казна на  обвинетите за кривичното дело „убиство“, за  Марина (52 год) и Иле (23 год) Трајковски од велешко Долно Караслари.

Според обвинението, сопругата Марина и Синот Иле со умисла го убиле таткото и сопруг  Зоран Трајковски.   Делото беше сторено на верскиот празник Водици, на 19-ти јануари 2020-та  година во нивниот дом. Во Основен суд Велес им беше  изречена  казна од по девет години затвор за двајцата обвинети. 

Во моментот кога го сториле делото, обвинетите  била пресметливи, покажало вештачењето на докторите. Од вештачењето на судска медицина, докажано е дека Зоран Трајковски починал од задушување, обдукцијата   констатирала  повреди  на нос, горна усна, крвни подливи долу од очите и повреди на внатрешниот дел од главата, на тилот.  

И Иле и Марина Трајковски негираа дека се сторители на убиството за кое се обвинети.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »