речник контакт

Зголемена казната за таткото за обљуба на ќерката од 10 на 11 години затвор

На велешанецот А. Ј. му се судеше за кривично дело ,,Обљуба со злоупотреба на положбата,,

Петар Печков

Апелација му ја зголеми затворската казна  на велешанецот   А.Ј. ( 41 год) на 11 години затвор. Откако Основен дуд Велес му изрече  пресуда во висина  од 10 години затвор, постапувајќи по жалбата и на обвинителството и на обвинетиот, Апелација ја прифатолa жалба на обвинителството и ја  зголемила казната за една година повеќе. 

А.Ј. беше прогласен за виновен и доби казна  затвор, оти извршил  обљуба врз  малолетната ќерка (15 год). Нему му се судеше  за кривично дело ,,Обљуба со злоупотреба на положбата,,.

Делото таткото го сторил лани во јули, во велешко село, каде семејството имало имот и куќа.  Девојчето, ќерката на сторителот  следниот ден настанот го раскажала  на мајката, која го  пријавила во полиција.  Пред судот А.Ј. се бранел дека не го сторил делото, дека му е монтирано.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »