речник контакт

Зголемена потрошувачка за вода во Велес, вообичаено за летните месеци

И додека некои македонски градови имаат проблем со водоснабдувањето, велешани таква мака немаат

Петар Печков

Зголемена е  потрошувачка на вода во Велес, што е вообичаено за летните месеци. И додека во некои македонски градови сушата водата во чешмите пресушува, велешани немаат таков проблем.

„На 1 август   потрошувачката на вода била  220л/ сек. За споредба во април била 163, во мај 179,  додека во зимските месеци  од 150 до 160 л/сек.“ - соопштија од ЈКП Дервен.  

 Со изградбата на езерото Лисиче, од каде градот но и неколку соседни села се снабдуваат со вода, решено е на подолг период водоснабдувањето на Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »