речник контакт

Зградата се реновира, учениците со нов распоред на настава

Хемиска на настава само попладне, Гимназија трета и четврта само претпладне, прва и втора во Економска само попладне. Причина реновирањето на подот

Петар Печков

До почетокот на второто полугодие променет режим на одржување на настава имаат учениците од Гимназијата Кочо Рацин и Хемиското Димитрие Чупоски. Рака учениците од прва и втора година Гимназија настава ќе посетуваат во зградата на Економското училиште и тоа само попладне, додека трета и четврта ќе учат само претпладне. Учениците од Хемиското училиште ќе одат на настава само попладне. Овој променет режим на настава ќе биде до почетокот на второто полугодие. Причина реновирањето на зградата, поточно на училниците. 

Ќе има отежнати услови, наставата ќе се одвива нормално,  но ова е проект кој е во интерес на учениците и образованието– изјави Горан Јанков   в.д директорот на Хемиското  училиште Димитрие Чуповски.

Нема да има никакви проблеми. За оваа промена информирани  се и учениците и нивните родители. Максимално сме подготвени за оваа новина, наставниците се подготвени – изјави Сашко Андреевски директор на Гимназијата Кочо Рацин.

Во тек е реновирање на зградата на Хемиското и Гимназијата, што го финансира Министерството за образование и наука. Завршена е  реконструкцијата на  кровот и  прозорите а во тек е обнова на подот и  се поставува нова фасада.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »