речник контакт

Зградите се изградија ама пристапниот пат никако

Две години станарите од комплексот на Хабитат дома доаѓаат по каллива улица

Петар Печков

Семејните домови во населбата  Хабитат во Тунел се  одамна готови, вселени но приодниот пат до нив никако да се уреди. Улицата Невена Георгиева Дуња е тампонирана но не и асфалтирана. Зградите кои се градеа три години се завршени но патот кој води до нив  не е. Разбирлива е затоа реакцијата на станарите кои  чекаат ветувањето од локалната власт да се реализира.

Уште во јуни 2012-та, кога зградите беа завршени  требаше според планот да се асфалтира и патот. Од тогаш ни ветуваат дека ќе биде, но никако да се случи. Се изградија згради тешки милиони евра а патот во должина од стотина метри никако да започне да се работи. Така мораме дома да доаѓаме по земјен пат, калливи. Не можеме да разбереме како ова прашање не може да се реши толку време. Очигледно се нема  желба – велат станарите од зградите на Хабитат, меѓународна непрофитна организација која беше инвеститор. 

Во ваквата состојба се уверија и неодамна високите гости почесната јапонска конзулк во Македонија и сопругата на американскиот амбасадор кои дојдоа да помагаат во изградбата на новата станбена зграда, која е во тек. Градоначалникот ветува дека патот, конечно ќе биде асфалтиран до крајот на годинава.

Имаме проблем со тоа што еден од блиските  станари, кој е иселен од свлечиштето Рамина и тука живее во барака, го поткопал патот и мора да се гради потпорен ѕид.  Очекувам дека надлежните служби ова ќе го решат. Оваа улица е влезена во програмата за работа за 2014-та – изјави градоначалникот Чадиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »