речник контакт

Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ слабата излезност е резултат на слабата работа на СДСМ

Ништо од ветеното за подобар живот не е сторено - кажа Здравковски

Петар Печков

Претседателот на велешкиот ОК на ВМРО- ДПМНЕ Игор Здравков на прес конференција  го сумираше неделното гласање за претседател на државата, при што ја потенцираше слабата излезност и како што ја карактеризира апатијата од страна на дел од гласачите.  Според него тоа  се должи на две работи кои се случиле последните години.

Првата работа е немањето визија за иднината, немање никакви инвестиции, немање желба за подобар стандард на граѓаните и слух за нивните проблеми. Ништо од ветеното за подобар живот не е сторено. Дополнителен импулс на целата оваа разочараност, дури и помеѓу членовите на СДС, е лошата кадровска политика на владејачката партија и назначување на неспособни, но гласни партиски војници на раководни позиции, кои наместо да работат за доброто на народот, работат за сопствените интереси. Втората причина за мала излезеност е носењето на штетни одлуки непочитување на волјата и одлуките на народот во последните 2-3 години. И покрај волјата на народот на 30ти септември, најдоа начин да не ја почитуваат одлуката. И покрај волјата на народот во однос на договорите со Бугарија, Тиранската платформа и договорот од Преспа, тие останаа глуви на неговите барања. Повеќе никој не верува во правниот систем - кажа Игор Здравков претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ за Велес.

Тој  им честиташе и на раководството на велешките социјалдемократи  за коректниот однос во текот на целиот ден на одржувањето на првиот круг од изборите поминал во најдобар ред.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »