речник контакт

Здравствени прегледи за 700 идни првачиња родени 2017-та

Очните прегледи се во тек преку „мој термин“, систематскиот здравствен преглед и стоматолошкиот започнуваат од 2 мај. Како да обезбедите термин, за вашето дете

Петар Печков

Здравствените  систематски прегледи за идните првачиња, деца родени 2017-та година ќе започнат на почетокот на месец мај. Ќе  се одвиваат во просториите на Здравствен дом - Уред. Во наредниот период треба да бидат опфатени  околу 700 деца, кои од есен ќе започнат со образование.  Во овој број освен децата од Велес и  велешко, се  и од соседните општини Градско и Чашка. Иако систематските прегледи не се започнати, родители започнале да доаѓаа во

„Како и претходните години секое дете ќе добие покана на домашна адреса  за термин, во кој ден во колку часот ќе дојде на здравствен систематски преглед. Тие ќе започнат од вторник 2 мај“ - кажа д-р Лидија Проданова раководител на Одделението за училишна превентивна заштита.    

Со систематскиот преглед секое дете се ревакцинира против ситна сипаница, заушки и рубеола (МРП). Неа децата ја имаат добиено на 12 месечна возраст, сега и втората доза, што е услов за упис во прво одделение.

Во стоматолошката амбуланта, која е сместена во Хигиенски, ќе се вршат прегледите за идните првачиња.

„Прегледите започнуваат од месец мај. Преку училишта оставивме телефонски број за договор со родителите, кога -кој ден и во колку часот да го донесат детето“ - кажа стоматологот д-р Анита Солева.

Систематските стоматолошки прегледи опфаќаат  залевање на трајните катници т.н. шестки на идните првоодделенци.  Се даваат  совети за правилна хигиена на устата и забите, како и едукација  за правилна исхрана и контролиран внес на шеќери, за да се спречи појавата на кариес  кај младата популација.

Децата родени 2017-та кои од есен ќе започнат да одат на училиште ќе треба да бидат прегледан и од очен лекар.

„Потребно е родителите  да закажат преглед за детето  преку матичен доктор во „мој термин“.  Прегледите се извршуваат во просторијата наменета за  очен преглед на првачиња  во Општа Болница Велес и веќе се во тек и термини има овој месец април и следниот месец мај““- кажа офталмологот д-р Тодор Јаковлев.

Според местото на раѓање во 2017 година биле родени околу 730 деца на територијата на општина Велес, Чашка  и Градско и 30 се иселиле со нивните родители во странство, па актуелната бројка е 700.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »